Benutzer:Christian/Zlata von Meglin

Aus Orthpedia
Wechseln zu:Navigation, Suche

13. Oktober

Mazedonisch

Светата великомаченичка Злата Мегленска е светителка, маченичка пострадана за Христа во времемто на турското владеење владеење во Македонија. За животот и маченичката смрт на света Злата Мегленска дознаваме од нејзиното житие. Тоа е напишано на грчки јазик, од очевидецот на нејзиното мачеништво, Никодим Светогорец во 1799 година.

Житие

Според житието света Злата Мегленска е родена и пострадала во Слатино, Мегленско, во егејскиот дел на Македонија. Таа била ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата Мегленска зрачела како со духовни, така и со телесни вискои квалитети. Духовните квалитети ѝ биле силната вира во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. така нејзината убавина дава повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка. Нејзината ретка убавина го привлекла вниманието на некој Турчин од нејзиното место кој страсно ја посакал и еден ден, кога таа излегла со своите другарки во шумата, Турчинот потплатил некои арамии да ја грабнат и да ја одведат во неговиот дом. Таму отпрвин се обидувал да ја принуди да се откаже од Христа и да се потурчи, ветувајќи ѝ дека ќе ја земе за жена. Но, света Злата останала непоколеблива и на ваквите ветувања му рекла:

Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња.

Тогаш Турчинот ја ставил да живее заедно со останатите негови жени, надевајќи се дека тие ќе ја наговорат да се потурчи. Уште какви ли не ветувања не ѝ кажувале овие жени, но света Злата не попуштила. По шест месеци Турчинот сфатил дека ни тоа не му помага, па затоа ги повикал нејзините роднини и им се заканил дека ќе ја убие ако не ја натераат да се потурчи. Тогаш нејзините родители и сестри започнале да ја преколнуваат да се потурчи. Притоа ѝ зборувале дека Бог ќе ѝ го прости тој грев штом е направен под принуда. На сето ова света Злата им одговорила: “Штом вие ме советувате да се откажам од Христос, вистинскиот Бог, не сте веќе мои родители и не сте веќе мои сестри. Јас имам татко, а тоа е Господ Исус Христос. Имам и мајка, а тоа е Пресвета Богородица, а браќа и сестри ми се светителите и светителките.

Кога Турчинот видел дека ни тоа не помага наредил да ја затворат. Три месеци света Злата била затворена при што секојдневно била сурово тепана и мачена. Но сите маки оваа новомаченичка херојски ги издржала, охрабрена од својот Жених Исус Христос. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Така таа ја предала својата душа на својот Младоженец Христос. Подоцна деловите од нејзиното тело христијаните кришум ги погребале. Света Злата маченички пострадала во 1795 година.

Житието на света Злата Мегленска, според други, било запишано според кажувањата на духовникот Тимотеј, кој бил духовен отец на нивното семејство и кој бил сведок на нејзините страдања. Во годината кога света Злата Мегленска била грабната, во Македонија крстосувале арамиски банди кои нанесувале големи штети на населението, па се претпоставува дека и со неа се случило истото. Во еден ферман од султанот на Селим Трети стои: “поредокот во земјата е нарушен, а царските закони никој не ги почитува.”

Надворешни врски

https://mk.orthodoxwiki.org/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0

Englisch

The holy and glorious Martyr Zlata of Meglen (also Chryse or Chryssi of Meglena or Meglin) is remembered for defending her faith as a Christian. Her feast day is celebrated on October 13.

Zlata was born in the eighteenth century in the village of Slatina, in the province of Meglen, to a poor, peasant family with three other daughters. She was a meek and devout girl, wise in the wisdom of Christ and golden in both name ("Chryse") and God-fearing heart.

Once when Zlata went out to get water, some shameless Turks seized her and took her to their home. When one of them urged her to become a Muslim and be his wife, Zlata fearlessly replied: "I believe in Christ, and Him alone do I know as my Bridegroom. I will never deny Him, even though you subject me to a thousand tortures and cut me into pieces."

When her parents and sisters found her, her parents said to her: "O daughter, have mercy on yourself and on us, your parents and sisters; deny Christ in words only, so that we can all be happy, for Christ is merciful. He would forgive such a sin, committed due to the necessities of life." Her poor parents, sisters, and relatives wept bitterly. However, the noble soul of St. Zlata resisted such diabolical snares. She answered them: "When you counsel me to deny Christ the true God, you are no longer my parents or my sisters. I have the Lord Jesus Christ as my father, the Theotokos as my mother, and the saints as my brothers and sisters."

The Turks then cast her into prison for three months, flogging her every day until her blood soaked the ground. Finally, they suspended her upside down and lit a fire, to suffocate her with the smoke; but God was with Zlata, and gave her strength in suffering. At last they hanged her from a tree and cut her into small pieces. Thus, this brave virgin gave her soul up to God, and went to dwell in Paradise on October 13, 1796. Pieces of her relics were taken by Christians to their homes for a blessing.

External links


https://orthodoxwiki.org/Zlata_of_Meglen